Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ долго време се обидуваат на секаков можен начин да ја опструираат работата на Собранието, од 87 закони, дури 21 се блокирани во комисијата за финансирање и буџет со која раководи опозицијата. Блокираат закони важни за граѓаните, а ја блокираат и работата на собраниските комисии.
Работата на Комисијата за избори и именувања со месеци е блокирана, а таа е важна за избор и именување на составите на важни државни институции.
Една од нив, е и Уставниот суд, важна и независна институција која со месеци работи во нецелосен состав.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на погрешната страна, очигледно не сакаат државата да има функционален независен судски систем.
После пресудите и признанијата во Титаник, со коишто се потврди криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, правдата најмногу и пречи на оваа опозициска партија.
Скандалозната изјава на Мицкоски во која ги оправдува сите кои ја поддржуваат агресијата на Русија врз Украина јасно покажа дека Мицкоски не е ништо друго освен остаток од мрачното, режимско минато кој брани криминал и насилство.
Наместо да побара обединување околу вредностите зад кои стои целиот демократски свет, наместо да ја осуди агресијата врз Украина, Мицкоски ги дели македонските граѓани.
Мицкоски не пропушта прилика да покаже дека работи против интересите на граѓаните и државата.