fbpx

Калеска Ванчева: Опозицијата на секој начин го злоупотребува Деловникот, мнозинството мора да биде пресликано во работните тела на Собранието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ние говориме за Устав и закон, за парламентарна демократија, во која претставниците во парламентот ги претставуваат граѓаните што ги избрале и сакале ВМРО-ДПМНЕ или не, СДСМ и Коалицијата го има мнозинството и тоа мнозинство, според Деловникот мора да биде пресликано и во работните тела на Собранието, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Таа нагласи дека е апсурдно, што денеска во Собранието втор ден се дискутира за промена на член на комисијата за избори и именување, којшто деловнички треба да биде променет.

Во комисијата за избори и именувања се обезбедува соодветна застапеност од политичките партии застапени во Собранието, а сега тука има нарушена застапеност и тоа не може да биде дозволено, бидејќи претставувањето на граѓаните се отсликува и во работните тела, појасни Калеска Ванчева, додавајќи дека опозицијата сака да го искористи овој момент и да има мнозинство гласови во самата комисија за избори и именувања.

Пратеничката Калеска Ванчева нагласи дека опозицијата на секој начин го злоупотребува Деловникот за да прикаже дека Собранието е нефункционално, а власта неспособна.

Парадоксот е во тоа што можам да ви набројам десетици клучни закони кои по година дена стојат на мртва точка со безброј процедурални или безброј амандмани коишто опозицијата ги кочи, не затоа што има проблем со Деловникот, туку затоа што сака да ги кочи, и тоа е злоупотреба на Деловникот, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, за „Топ тема“ на телевизија Телма.

Последни вести