Соопштение за јавност
Членови на СДММ денескаа се сретнаа со студенти, на која се дискутираше за состојбите и политките кои треба да се спроведат во иднина, за демократските состојби во моментот и следните чекори кои треба да се преземат.
Важно ни е да го слушнеме мислењето, препораките и идеите на сите млади, со цел да креираме сеопфатна програма која ќе ги отсликува реалните потреби на младите. Голем дел од мерките во изборната програма на СДСМ 2020 – 2024 ќе бидат насочени кон подобрување на квалитетот на живот на сите млади.
Студентите како носители на општествен напредок и прогресивна визија, треба да бидат слушнати, а нивните бараања, кои за нас се императив треба да бидат имплементирани. Важен ни е ставот на студентите, а преку ваквите средби поттикнуваме критичко размислување, со цел, преку дискусија да дојдеме до најдобрите мерки.
Секторот студенти, на СДММ, постојано работи со студентите, ги анализира барањата и постоечките потреби и се залага за нивно остварување преку конкретни мерки и политики.
На денешната средба се разговараше за мерките кои се спроведени, до сега, како донесениот Закон за високо образование кој овозможува студентите сами да ги бираат своите претставници на фер и демократски избори. За прв пат зборуваме за независност во студентското организирање, а студентите имаат суштинско учество во телата за одлучување во високообразовните институции и универзитетите.
Позитивна е и реакцијата на студентите за мерката на Владата на Република Северна Македонија за Субвенциониран студентски оброк, затоа што за првпат ќе имаат можност да искористат поволности и да купат здрав оброк по пониска цена.
Дополнително на средбата, студентите имаа можност да предложат конкретни мерки со цел подобрување на студентскиот стандард и овозможување подобри услови за секој студент.
Студентите се онаа движечка сила којашто е предвесник на сите позитивни процеси што се случуваат во нашето општество – затоа го слушаме студентскиот глас.
Социјалдемократската младина на Македонија започна со низа консултативни средби со млади, студенти, младински организации, млади претприемачи, претставници на бизнис секторот и останати, се со цел предлозите кои ќе произлезаат за важните политичко општествени прашања поврзани со младите, да бидат дел од нашата програма.
Сакаме развиена политичка култура и мерки кои доаѓаат директно од младите, токму затоа продолжуваме со вакви средби и настани во следниот период.