Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски кажа дека преговарал со компании и дека бил во завршна фаза за подготовка на тендерска документација за набавка на автобуси за Град Скопје.
Зошто Мицкоски преговарал во име на Арсовска за набавка на автобуси и како може претседател на партија да подготвува меѓународни тендери?
Дали заради Мицкоски е прекинат проектот за бас рапид транспорт во Скопје, поддржан од ЕБРД? Од ЕБРД не се добиваат тендери.
Дали и претседателот на Советот Трајко Славевски е вмешан во оваа партиска операција?
Очигледно на повидок е нов голем скандал на ВМРО-ДПМНЕ.
И Груевски вака преговараше со Јанкуловска, за тоа на М. Вака Јанушев преговараше со Јанакиевски за кинеските автобуси. Вака и Груевски најавуваше трамвајски автобуси во Скопје.
Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата корумпирана партија од времето на Груевски.
Институциите треба да го истражат овој случај и да постапат, Арсовска мора да одговори на сите овие прашања.