fbpx

Посветени сме на унапредување на родовата еднаквост која е гарант за напредок на општеството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Политиките на СДСМ се насочени кон родова еднаквост, еднакви можности, унапредување на правата на жените, подобрување на животниот стнадард на граѓаните, нулта толеранција за дискриминација, за сексизам и родово базирано насилство, против предрасуди и стереотипи.

Ние ја поттикнуваме застапеноста на жените во општествениот живот и во политиката креираме политики за подобрување на положбата на сите жени, без оглед дали се од рурални или од градски средини, студентки или пензионерки, вработени или домаќинки.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предводи во реформите за рамноправна застапеност на двата пола во органите и телата на партијата. Во Извршниот одбор, во централниот одбор на СДСМ застапеноста на мажите и на жените е 50:50.

Изминатите години се направени големи чекори за подобрување на економскиот статус на жените. Покачувањето на минималната плата на 18.000 денари има огромно значење за подобрување на животниот стандард, имајќи предвид дека половина од работоспособното население се жени и дека тие доминираат меѓу примателите на минималната плата. Истовремено значително е покачена просечната плата, растат и пензиите.

Посебни мерки и политики се креирани за започнување на сопствен бизнис од страна на жените, како и неповратна помош за жени земјоделки.

Континуирано ги унапредуваме правата на жените со заштита од дискриминација и родово базирано насилство.

Веднаш по доаѓањето на власт ја усвоивме Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство – Истанбулската конвенција, како и Национален акциски план за нејзина имплементација. Со Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство државата воспостави сеопфатни и интегрирани политики да превенира и да ги заштити жртвите на насилство.

Со новиот закон за прекин на бременоста, ја исправивме неправдата и ѝ го вративме правото на жената да одлучува за сопственото тело и за сопственото здравје.

Родовата еднаквост, како предуслов за слободно, демократско, праведно општество секогаш е наш висок приоритет затоа што во општество каде сите се еднакви може да има вистински напредок.

Последни вести