fbpx

Божиновска до Арсовска: Кој го овласти Мицкоски да договара набавка на автобуси?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Советничката во Град Скопје од СДСМ Лилјана Божиновски денеска на седницата наменета за советнички прашања до градоначалничката Данела Арсовска постави прашања околу најавената набавка на автобуси од страна на Христијан Мицкоски.

,,Христијан Мицкоски на партиски настан кажа дека тој преговарал за набавка на 100 нови електрични автобуси.

Моето прашање до градоначалничката е кој го овластил и во кое својство лидер на политичка партија преговара за набавка на автобуси за потребите на Град Скопје?

Ова е особено важно бидејќи денеска во судот имаше признанија за нелегална набавка на кинеските автобуси, а најавата на Мицкоски зборува дека станува збор за речиси идентична набавка и евентуално ново кривично дело.

Второто прашање е исто до градоначалничката Арсовска и се однесува на прекинатиот проект за Бас рапид транзит.

Дали сте запознаени со деталите за оваа набавка на 100 електрични автобуси и начинот на нивно плаќање, имајќи предвид дека на 21 февруари јавно кажавте дека во буџетот на градот не се предвидени пари за набавка на нови автобуси?” порача Божиновска.

 

Последни вести