fbpx

СДСМ се бори со економската криза и ги штити граѓаните, ВМРО ДПМНЕ опструира

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеничката на СДСМ Даниела Колева од собраниската говорница истакна дека кризата што се случува, здравствена, економска и енергетска е на глобално ниво, таа не ја измисли Владата, туку владата веќе две години се справува со кризата со свите свои капацитети, со парите насочени кон граѓаните и стопанството успева да ја одржи економијата.

Додека Владата се бори со економската криза и ги штити граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ опструира и блокира, нагласи Колева, додавајќи дека од пакетите што беа насочени кон граѓаните во износ од 1,2 милијарди евра, ВМРО-ДПМНЕ ги блокираше првите три пакети, пратениците на опозицијата седеа надвор и го гледаа преносот на телевизија, кога се гласаше помошта за граѓаните и стопанството, а подоцна кога сфатија дека се грешка се приклучија и гласаа.

Таа нагласи дека заради тие пакети мерки, парите се насочија кон граѓаните, кон стопанството, економијата се одржа, буџетот остана ликвиден, јавната потрошувачка се зголеми и затоа има многу мал број изгубени работни места, а стапката на невработеност континуирано се намалува, платите, пензиите и социјалните трансфери се исплаќаат навремено и истовремено платите се зголемуваат, и минималната и просечната.

Ние ја немавме таа комоција како вас, народните пари да ги трошиме на споменици, на стиропор и на роудшоуа од 20 милиони евра и немојте да кажувате дека економијата пропаѓа, тука во нашата држава пропаѓа единствено ВМРО-ДПМНЕ како партија, затоа што нитиу една партија, нема осудени тројца генерални секретари, a Титаник веќе може да стане име и на вашата партија, порача пратеничката на СДСМ Даниела Колева при реплика од собраниската говорница.

 

Последни вести