Соопштение за јавност
Делегација на СДСМ во состав Вангел Андревски, организациски секретар на СДСМ, Даниела Марковска, пратеничка во Собранието и Марко Михаилоски претседател на СДММ денеска на три локации во Скопје, положи свежо цвеќе и оддаде почит по повод 79годишнината од депортацијата на македонските Евреи.
Пред 79 години 7.144 македонски Евреи биле депортирани во логорот на смртта Треблинка. Со сеќавањето на овој ден, сите народи во светот ја изразуваат својата непоколебливата посветеност и се спротивставуваат на антисемитизмот, расисмот, и на сите форми на нетолеранција и дискриминација.
Да се сеќаваме, за никогаш да не заборавиме, за никогаш да не се повтори!