Соопштение за јавност
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се пример за неработење и расипничко трошење на парите на граѓаните во време на светска економска и енергетска криза.
Последен пример е градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Додека се жали дека општината нема пари за подмирување на редовните сметки, градоначалникот Ѓорѓиевски троши 100.000 евра општински пари на авторски договори.
Партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ, роднини и пријатели, но и медиумски мегафони се дел од лицата кои се на платен список на општина Кисела Вода.
Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. Додека во Белиот дворец глумат загриженост за граѓаните, нивните градоначалници расипнички се однесуваат со народните пари и не одвојуваат ниту еден денар за помош на граѓаните во време на криза.