Соопштение за јавност
Сите антикризни мерки се навремени, добро осмислени, дебатирани со сите чинители во државата и веќе се процесиуриани, истакна пратеникот на СДСМ Диме Велковски во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.
Тој нагласи дека пакетот мерки е во износ од 400 милиони евра, а кумулативно може да достигне и 500 милиони евра, додавајќи дека ретко која држава има донесено вакви антикризни мерки.
Основните производи за исхрана немаат ДДВ, а за нив се укинати сите давачки за увоз, стапката на ДДВ за електричната енергија од 5% е пролонгирана до крајот на годината, во интерес на домаќинствата, стапка од 5% ДДВ има и за топлинската енергија, рече Велковски.
Тој додаде дека дел од мерките ги спроведува владата, во собранието се намали акцизата и ДДВ за горивата и ДДВ за енергенсите, а акцизата, се намалува до 4%, доколку се зголемува цената на нафата на светските берзи, истовремено е донесен законот за минимална плата, која сега е покачена на 18.000 денари, а пред неколку години беше 9.000 денари.
Сето ова се работи за да нема ценовни шокови, оваа криза не е само кај нас, туку во целиот свет, најмногу Европа и ќе продолжиме во таа насока, исто како што им се помагаше на граѓаните и на фирмите во текот на пандемијата, со шест пакети од 1,2 милијарди евра, порача пратеникот на СДСМ Диме Велковски во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.