fbpx

Мартовските пензии со дополнителните 1.000 денари следната недела на сметките на пензионерите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ во континуитет презема мерки со кои ја покажува грижата за сите граѓани во државата.

Како дел од антикризните мерки, во мартовските пензии се вклучени првите дополнителни 1.000 денари, кои како дополнителна финансиска помош пензионерите ќе ги добиваат и со априлската и со мајската пензија.

Со последните усвоени законски измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, обезбедуваме континуиран раст на пензиите и покажуваме вистинска грижа за пензионерите.

Покрај постојаниот раст на пензиите во изминатите четири години, годинава пензионерите добиваат рекордно почување на пензиите според Швајцарскиот модел.

Оттука, со покачувањето на пензиите и финансиската помош од 3.000 денари за секој пензионер, над 330.000 денари ќе добиваат по 12.000 денари повеќе на своите сметки.

И во време на глобална економска криза, СДСМ како одговорна партија преку конкретни и ефикасни мерки продолжува да се грижи за сите категории граѓани, да го заштити нивниот економски стандард.

Последни вести