fbpx

Потонати лагите на ВМРО-ДПМНЕ за КАМ, навикнати на „пиштење – вриштење“ немаат капацитет да разберат дека УЈП постапува професионално

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пропадна уште една лага од белиот дворец со која ВМРО-ДПМНЕ ја плашеше јавноста дека синџир на маркети КАМ бил затворен, дека луѓе ќе останеле без работа и што ли уште не.

Навикнати на нивниот режимски начин на работа, никако не можат да разберат дека времето на политички мотивирани затворања на бизниси, времето на хилти, на „пиштење – вриштење“ заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт.

УЈП како и сите надлежни институции работи согласно законските надлежности, постапува професионално и неселективно во заштита на законите и интересот на граѓаните.

Очигледно на ВМРО-ДПМНЕ му пречи професионалната работа на институциите, па затоа шири лажни вести и манипулации со цел да предизвика паника меѓу граѓаните.

По пријава на граѓани, спроведени се контроли во еден синџир на маркети, при што не е затворен ниту еден маркет, ниту пак е изречена казна кон синџирот маркети.

Освен лажни вести и заштита на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ ништо друго и не знае.

Последни вести