fbpx

Нов пораст на просечната плата и тоа во време на криза, успешни економски политики на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Економските политики што ги презема Владата предводена од СДСМ даваат реални, видливи резултати.

И во време на глобална економска и енергетска криза платите во државата растат, се зголемуваат и пензиите, а минималната плата е дуплирана и сега изнесува 18.000 денари

Според последните податоци од државниот завод за статистика просечната плата во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока во однос на истиот месец лани.

Просечната плата изнесува речиси 30.000 денари, со што ги исполнуваме ветувањата дадени пред граѓаните.

Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме на креирање и реализација на мерки кои имаат за цел да обезбедат забрзан економски раст и подобар животен стандард за сите граѓани.

Последни вести