Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ е на чекор до исполнување на едно од најважните предизборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари.
Благодарение на успешните економски мерки што ги презеде Владата и во услови на глобална криза платите континуирано растат. Пензионерите годинава добиваат рекордно покачување на пензиите според Швајцарскиот модел, а минималната плата е дуплирана и сега изнесува 18.000 денари.
Според последните податоци од државниот завод за статистика, просечната плата во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока во однос на јануари 2021 година.
Покрај платите и пензиите, обезбедуваме и финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани во услови на криза.
Над 400 милиони евра се обезбедени за мерки кои се во насока на заштита на стандардот на граѓаните и полесно справување со предизвиците кои ги носи глобалната криза.
СДСМ како одговорна партија продолжува посветено да работи на креирање и реализација на мерки кои имаат за цел да обезбедат забрзан економски раст и подобар животен стандард за сите граѓани.