Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ се грижи за пензионерите и во време на криза освен историски највисокот зголемување Владата им доделува и дополнителна помош од по 3.000 денари на секој од 330.000 пензиноери.
А што прави ВМРО-ДПМНЕ среде криза? Троши милионски суми народни пари за вдомување партиски кадри по општините и ништо друго.
Со години ВМРО-ДПМНЕ како власт не ги исплаќаше законското усогласување на пензиите, државата се задолжување да исплаќа пензии, а корекцијата на пензиите ја правеше паушално и пред избори.
За разлика од тоа време, денес пензиите растат се исплаќаат навремено а пензионерите добиваат дополнителна финансиска помош за справување со кризата во следните три месеци.
Заедно со претставниците на пензионерите договорена е новата методологија со која од септември следува рекорден раст на пензиите.
И додека во времето на ВМРО-ДПМНЕ пензиите беа замрзнати со години, за овие четири и пол години пензиите се зголемени за просечно по 2.000 денари.