Соопштение за јавност
Додека градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски се расфрла со парите на граѓаните, цехот на неговото аздисување го плаќаат дечињата од основното образование.
Денеска, учениците во Основното училиште Стив Наумов во општина Гази Баба ќе го миинат училишниот ден без струја и со сув оброк.
Заради неспособноста и расипништвото на Стефковски стотина дечиња од ОУ Стив Наумов денеска ќе бидат без топол оброк и без елементарни услови за следење на наставата.
Стефковски како и останатите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ не работи во интерес на граѓаните, туку се грижи единствено за личните и партиските интереси.