fbpx

СДСМ обезбедува раст на пензиите, ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги троши за партиски вработувања

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ континуирано се грижи за пензионерите и во време на криза обезбедува рекордно зголемување на пензиите, како и дополнителна помош од 3.000 денари за секој пензионер.

Истовремено ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето неодговорно и лицемерно однесување. Белата палата критикува, а градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, наместо за граѓаните, народните пари ги трошат за партиски вработувања.

Додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт пензиите беа замрзнати и се покачуваа паушално и пред избори. Државата се задолжуваше за да исплаќа пензии, а сега пензискиот фонд е стабилен и заедно со претставниците на пензионерите е договорена нова методологија за усогласување на пензиите, која ќе обезбеди историски најголем раст на пензиите.

Пензиите за 330.000 пензионери во изминатите 4,5 години се покачија во просек за 2.000 денари, се исплаќаат редовно, навремено, па дури и предвреме.

ВМРО-ДПМНЕ може само да учи што е вистинска грижа за пензионерите.

Последни вести