fbpx

Видоа граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ не може да спроведе попис, денес имаме успешен попис по цели 20 години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Видоа граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ не може да спроведе попис.

Последен пат кога ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да спроведе попис потроши милиони евра народни пари а статистичката операција пропадна.

За последниот попис Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица беа најгласните противници на неговото спроведување, повикуваа на бојкот.

Но нивните обиди пописот да не успее пропаднаа, граѓаните масовно се попишуваа и дадоа свој придонес во реализација на најважната статистичка операција.

После 20 години денеска имаме успешен и кредибилен попис согласно сите светски и европски стандарди, признаен од сите домашни и меѓунардони релевантни субјекти.

Резултатите од пописот ќе дадат насоки за идните државни и локални политики кои обезбедуваа развој на целото општество.

Последни вести