fbpx

СДСМ: Треба да се поклонуваме пред лекарите за неуморноста во ковид-битката, тоа најдобро го знаат и некои „аналитичари“ на ВМРО ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Две години од прогласувањето на светска пандемија од Ковид 19, и една година од процесот на вакцинација, кај нас и во светот, ВМРО ДПМНЕ не одржале ниту една трибина, прес конференција, не кажале ниту еден збор за опасноста на опакиот вирус, најмалку пак за важоста на процесот на вакцинација.

Колку е тоа тажно, но исто толку и срамно. Најтажно е што лекари, луѓе од фелата, за политички профит изнесуваат во јавноста празни флоскули, вртејќи им грб на своите колеги кои две години, само тие знаат како издржуваат и не се откажуваат на најпрофесионален начин да се борат за животот на секој пациент, не само со ковид туку со кое било заболување.

Денешното уште едно денгубење претонечно во таканаречена трибина не упати во јавноста ниту една единствена порака од која граѓаните би извлекле накава полза, заклучок, нешто што ќе биде од корист како да си го заштитат здравјето.

Бајати се празните тези кои денеска ВМРО ДПМНЕ ги повтори, но тие ништо ново не кажаа и во текот на целата пандемија.

Ако ВМРО ДПМНЕ и нивните „експерти“ заборавиле, еве да ги потесетиме, во чие име денеска говореа, и го ставија својот лекарски кредибилитет. ВМРО ДПМНЕ по 11 години власт зад себе оставија:
70 години стари клинички оддели;
стари дотраени, уништени хируршки сали;
клинички центар без централен довод на кислород;
медицински персонал и лекари доведени на раб на егзистеница;
болници заборавени и уништени од забот на времето, без медицинска опрема, без основни средства за работа;

Ова го наследи владата на СДСМ од ВМРО ДПМНЕ и во еден таков руиниран, здравствен систем благодарение на испешното менаџирање на министерството за здравство со помош на Владата, се боревме со вирус кој за секој здарвствен ситем во светот беше непознаница.

Напоредно со битката со ковидот, не се откажавме од инвестиции во здравството. Нови клинички блокови, реновирани оддели, централен довод на кислород во цел Клинички, нова опрема, поддршка за пацинетите, достапни лекови и терапија за секого во секое време. Платите на здрвствените работници вртоглаво се покачија и им го вративме достоинството.

ВМРО ДПМНЕ треба да бие политичка битка ама со вистина, тоа е нивна обврска како опозиција. Но, надвор од секоја етика и морал е што си поигруваат со професионалноста на лекарите и здравствените работници, да ги обвинуваат дека не знаеле да лекуваат во време на ковид. Тоа е срамно! Здравствените работници заслужуваат да им се поклонуваме, бидејќи поминале часови и часови, грижејќи се за здравјето на сите, тоа како искуство може да го споделат и таканаречени „лекари – аналитичари“, на кои политичките трибини, баш и не им се јака страна.

Последни вести