Соопштение за јавност
Во изминатите месеци секојдневно сведочиме на расипништво, неодговорност и лошо управување на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со јавните претпријатија.
Додека градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска троши 670.000 евра на партиски вработувања, вработените во Лајка со месеци немаат земано плата и под знак прашалник е доведено функционирањето на ЈП Лајка.
ЈП Лајка, кое е клучно за хуман третман и згрижување на бездомните кучиња, заживеа во времето на градоначалникот од СДСМ Петре Шилегов, со нов концепт, и систем на работа во нов, модерен стационар по сите светски стандарди.
За жал, поради недомаќинското работење и расипништвото на Арсовска, за само неколку месеци се заканува враќање на старите проблеми со стационарот, нехуман третман и повторно зголемување на уличните кучиња во градот.
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ја манипулираат јавноста и општинските средства да ги користат за партиски вработувања, треба веднаш да се исплатат сите заостанати плати на вработените во Лајка и да се обезбедат услови за непречено функционирање на стационарот.