Соопштение за јавност
Ниедна лажирана анкета нарачана од Белиот дворец нема да ги сокријат криминалот и неработењето на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Гледаат многу добро граѓаните како градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во ек на најголема светска економска криза парите на граѓаните ги трошат на партиски вработувања, на скапи мобилни телефони и компјутери, на чоколади и апетисани, додека пратениците од оваа партија се противат на секоја мерка која значи повеќе пари во семејните буџети.
Ниедна анкета нема да ја сокрие вистината дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална деструктивна партија која работи на штета на граѓаните и во одбрана на криминалот.
Бројни судски предмети, признанија и пресуди го потврдувата тоа, од „Плацеви на Водно“ преку „Топлик“ па се до „Титаник“, тоа е криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.