Соопштение за јавност
СДСМ продолжува со посветена борба против сиромаштијата и невработеноста.
Објавени се првите јавни огласи од Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување за 2022 година.
За една од најискористените мерки, мерката Самовработување со новиот план обезбедени се средства за отворање на сопствен бизнис за 2.000 лица.
Финансиската поддршка за едно лице да отвори сопствен бизнис изнесува 5.000 евра или до 10.000 евра ако компанија основаат двајца содружници.
Со мерката Практиканство ќе се опфатат над 1.600 млади лица до 34 години кои ќе можат да се вклучат на пазарот на труд и да се стекнат со практични знаења на одредено работно место.
Овие лица ќе добијат месечен надоместок во висина од 9.000 денари со вклучено осигурување за период до три месеци.
Отворен е и повикот за мерката Вработување и раст на правни субјекти која на работодавачите од микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации им овозможува да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места.
Сите лица кои ги исполнуваат условите можат да конкурираат во еден од триесетте центри за вработување или онлајн на веб страницата на Агенцијата за вработување.
Оперативниот план како една од клучните алатки за намалување на стапката на невработеност за оваа година има буџет од 30 милиони евра и со него ќе се опфатат околу 15.000 невработени лица.