Соопштение за јавност
Антикризните мерки на Владата предводна од СДСМ, вредни 400 милиони евра, им помагаат на граѓаните и компаниите во време на најголема енергетска и економска криза.
Од друга страна градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ трошат милиони евра на партиски вработувања и непродуктивни трошоци. Аздисуваат со народните пари буквално.
Мицкоски треба да ги повика неговите градоначалници да се откажат од расипништво а парите да ги пренаменат за проекти и помош на граѓаните.
Но наместо тоа, Мицкоски се заканува со нови блокади, сонува да ја закочи работата на институциите во време на најголема економска и енергетска криза.
Бадијала сонува. Мицкоски никако да научи дека неговите опструкции и блокади нема да успеат.