Соопштение за јавност
Пописот беше спроведен по методологија изработена од стручни лица и институции, согласно праксите на Евростат и ООН, добивме сериозни пофалби од Европската комисија и сите релевантни меѓународни организации и фактори, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.
Тој нагласи дека и покрај сите опструкции на Христијан Мицкоски и повикот за бојкот од Левица, кои предизвикаа штета, пред се кај Македонците, по 20 години во државата е направен успешен попис.
Во однос на нерезидентното население ќе потсетам дека ние до пред неколку години имавме тројца пратеници кои доаѓаа од дијаспората и беа гласано од нашите сограѓани кои живеат во странство и тие треба да бидат попишани, рече Костовоки.
Тој, во врска со барањето за формирање експертска комисија, истакна дека е добро да има дебата за податоците, но таа дебата треба да биде стручна и од неа да излезат соодветни анализи за податоците од пописот.
Резултатите од пописот во никој случај не смеат да бидат злоупотребувани во дневно политички цели. Пописот е статистичка а не политичка операција, порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски.