Соопштение за јавност
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да престанат со штетата врз државните интереси, тие се познати по туширање и фалсификување
Државните позиции во однос на разговорите со Бугарија се јасни, потврдени и со Резолуција во македонското Собрание и Христијан Мицкоски треба да престане со своите неодговорни изјави да и предизвикува штета на македонската позиција и на државниот интерес.
Иако и беше јавно понудено опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски не прифати учество во работните групи.
Фактите се познати на јавноста, туширања и фалсификувања се одлика на неговата ВМРО-ДПМНЕ и режимот кој 11 години фалсификуваше историски факти, наметнуваше антички корења, носеше Хунзи и го поткопуваше македонскиот национален идентитет.
Дури и волјата на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ја фалсификуваше.
Срамно и крајно неодговорно е ова однесување на Христијан Мицкоски кој само бара начини да ги поткопа државните позиции.
Очигледно Мицкоски ревносно ги исполнува насоките и задачите од Никола Груевски.