Соопштение за јавност
Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска се виде партизацијата којашто ВМРО-ДПМНЕ ја спроведува во општините, на дело, пред целата македонска јавност.
Општински настан во Кочани, финансиран со пари на граѓаните, се релизира партиски, со партискиот бренд и банер на ВМРО-ДПМНЕ, и секако со обраќање на Христијан Мицкоски како зачин.
Ова е класична злоупотреба.
Не е прашање дали ВМРО-ДПМНЕ има капацитет нешто да промени, јасно е дека нема, тоа е истата режимска партија.
Вистинското прашање е дали ќе молчи Државната комисија за спречување на корупција или ќе постапува?