Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ лицемерно и со лажна загриженост се сети на Армијата, откако 11 години не вложи ништо во стандардот и условите за војниците.
Парадоксално е да предлагаат решенија што веќе ги има во предлог Законот за служба во Армијата – истиот закон којшто ВМРО ДПМНЕ го блокира подолго од една година во Собранието.
ВМРО ДПМНЕ подолго од една година го блокира решението за отпремнина од 1000 евра за секоја година помината во Армијата и нанесува непроценлива штета на припадниците на Армијата со навршени 45 години.
Сега се сетија тие да го предлагаат истото решение!
Условите за пензионирање за припадниците на Армијата се најдобри од кога било и пензијата за прв пат изнесува 80 отсто од најдобрите 10 години.
Барањето на ВМРО ДПМНЕ тие услови да важат ретроактивно е срам за опозицијата – тие всушност бараат добрите услови да важат и за оние кои се пензионирале во “нивно време”, под полоши услови.
Се разбира дека таа опција како и правото на пензионирање со наполнети години стаж, се разгледуваат со Синдикатите во одбраната, а не со ВМРО ДПМНЕ кои за Армијата 11 години не направија апсолутно ништо.
СДСМ преку Владата, министерството за одбрана и парламентарното мнозинство што го предводи во изминатите години сериозно го зајакна економскиот стандард и статусот на вработените во одбраната.
Обезбедивме значително зголемување на платите, надомест од 8 000 денари за станарина и континуирано унапредување на условите за работа во армијата, како што доликува на армија на држава членка на НАТО.