Соопштение за јавност
Антонио Милошоски се прави како да не е од тука како да не следел што се случува.
Социјалните мрежи и медиумите се преполни со фотографии на кои се гледа како еден од основачите на клубот Ванчо Михајлов е во друштво на Христијан Мицкоски и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Да биде иронијата поголема постои и фотографија на која основачот на клубот носи маичка бреднирана токму со името на Антонио Милошоски.
ВМРО-ДПМНЕ за време на 11 годишниот режим потроши стотици милиони евра за да ја ретушира македонската историја и да го девалвира значењето на НОБ и затоа оваа партија во којашто ништо не е променето нема кредибилитет да зборува.