fbpx

Михаилоски: Со предлози, идеи и активности до конкретни мерки за подобрување на младинскиот стандард

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ е прва политичка партија, која покажа на дело дека остава простор на младите да учествуваат во креирање на политиките, односно во органите и телата да има голем број млади, кои ќе земат учество, истакна претседателот на СДММ Марко Михаиловски во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Тој додаде дека младите во СДСМ се вклучени во партиските тела со предлози, идеи и активности и влијаат на политиките кои се преточуваат во конкретни мерки.

Се реализираат низа мерки како младинскиот додаток, субвенциониран студентски оброк, тука се можностите за млади претприемачи преку фонодот за иновации, агенцијата за рурален развој нуди неповратни средства за младите инвестираат во сопствен бизнис, истакна Михаиловски, додавајќи дека фокусот треба да се насочи кон младинското претпреимништво.

Време нема, добар дел од младите во изминатите 20-тина години се иселија, треба да се фокусираме сите заедно да најдеме решенија, што ние како млади политичари треба да им понудиме на младите, пред се да останат во државата, да го подобриме младинскиот стандард и воопшто стандардот на граѓаните, треба да вршиме позитивен притисок врз институциите, нагласи Михаиловски.

Тој како позитивен пример наведе дека подмладоците на политичките партии и граѓанскиот сектор заедно го донесоа Законот за младинско учество и младински политики и дека 24 политички подмладоци изминатиот период заедно креираа политики во 4 документи кои претставуваат барања на младите, за подобрување на животниот стандард и учеството на младите политичари во општеството, сега треба да следува втора фаза, а тоа е разговарање на конкретни теми и идеи како да се подобри животот на младиот човек во нашето општество.

Ние како млади, пред се како млади политичари треба да внесеме нова енергија, свежина и во политичкиот простор и во самите политички партии, порача претседателот на СДММ Марко Михаиловски во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Последни вести