Соопштение за јавност
Додека Владата предводена од СДСМ со одговорен пристап ги решава предизвиците со најголемата економска криза по втората светска војна и го штити стандардот на граѓаните, Мицкоски се занимава со уцени и со закани за некаква радикализација заради негови себични политички амбиции.
Повеќе од јасно е дека не е време за избори, дека е потребно функционално Собрание за носење закони и рационално трошење на буџетот, но Мицкоски не го интересира тоа, бидејќи неговите потреби и желби секогаш биле пред интересите на граѓаните.
Владата предводена од СДСМ нема да дозволи желбата за власт на Мицкоски да резултира со штета по граѓаните, нестабилност, трошење на буџетски средства и продлабочување на кризата.
Неговите закани и најавите за радикализација се одраз на немоќ и безидејност бидејќи е свесен дека оваа Влада е стабилна и добро владее.
Мицкоски и неговата партија имаа безброј можности да направат нешто корисно за граѓаните и државата, но наместо тоа, константно произведуваат лажни вести, шират паника и партиски мобилизираат протести.
Огромна е разликата меѓу одговорното управување на СДСМ и деструктивното однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.