Соопштение за јавност
Учениците да бидат во училишните клупи, да следат настава и да тече образованиот процес е најважно за децата.
Наставата за учениците започна денеска откако СОНК објави дека штрајкот е во мирување, согласно Законот за мирно решавање работни спорови.
Прекинот на штрајкот дава шанса на дијалогот и продолжување на разговорите. Само преку дијалог може да се дојде до решение.
Во ниту еден момент не смее да се заборави дека сите чинители во образованието постојат за децата да имаат образовен процес.