Соопштение за јавност
СДСМ продолжува со реализацијата на одговорните политики кои обезбедуваат подобар животен стандард за граѓаните и го враќаат достоинството.
Измените во законот за извршување, усвоени во Собранието на предлог СДСМ, особено се во интерес на загрозените категории на граѓани, чии приходи целосно се изземаат од присилно извршување.
Примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита,примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на возрасните лица, отсега целосно се изземаат од присилно извршување.
Со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана од примањата на граѓаните.
Наместо досегашните 1/3 од примањата, износот кој може да биде извршен се намалува на 1/5 од плата или пензија за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија.
Примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните.
Трошоците кои ги плаќаат граѓаните мора да бидат намалени и разумни, а не енормни, само така ќе изградиме фер и праведно општество.
СДСМ како одговорна партија спроведува политики кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, зголемување на семејните буџети и подобар животен стандард за сите.