Соопштение за јавност
Првите 100 дена од мандатот на новата Влада предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски поминаа во одговорно и посветено работење, поголеми плати и успешно менаџирање на последиците од економската и енергетската криза.
Преземени се навремени и ефикасни мерки за заштита на стандардот на граѓаните.
Уште во првите недели минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари, а следува раст на платите во сите сектори согласно Законот за минимална плата.
Низ социјален дијалог, договоривме нова методологија со која пензиите од септември ќе растат со рекорден процент.
Обезбедивме дополнителна финансиска поддршка од 1.000 денари за социјално ранливите семејства и за пензионерите во времетраење од три месеци за справување со последиците од кризата.
Ги намаливме акцизите и ДДВ за нафтените деривати и го укинавме ДДВ-то за основните продукти.
Поради намалени трошоци за храна, горива и електрична енергија, просечно семејство заштедува околу 4.000 денари.
Сите овие државнички одлуки Владата предводена од СДСМ во првите 100 дена од мандатот ги донесе за заштита на стандардот на граѓаните.
Продолжуваме со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат економски раст.