Соопштение за јавност
Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го дискредитира Ковачевски уште од првиот ден на неговиот избор.
Лидерството, способноста, решителноста и успехот на Ковачевски во менаџирањето на најголемата економско-енергетска криза, уште во првите 100 дена од мандатот резултираа со страв и очај во ВМРО-ДПМНЕ.
Не само целото ВМРО-ДПМНЕ туку и Христијан Мицкоски се плаши од Димитар Ковачевски.
ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните, Мицкоски е загубен, покажува немоќ и неспособност да дефинира основен политички став на било која тема важна за граѓаните.
Тоа што Ковачевски како директор во Македонски телеком АД бил поканет и присуствувал на отворање на објектот на МНТ нема ама баш никаква врска со криминалот на ВМРО-ДПНЕ.
За криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и оној од Скопје 2014 збор имаат македонските судови.
Бројни судски предмети и признанија на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ го потврдуваат тој криминал.
„Титаник“, „Тенк“, „Таргет – Тврдина“, „Плацови на Водно…. веќе има израчени правосилни затворски казни за крининал за голем број високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ како и за шефот на Мицкоски, Никола Груевски.