fbpx

Усвоени измените на Закон за служба во Армијата предложени од СДСМ, градиме кадар според стандардите на НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Собранието ги усвои измените на Законот за служба во Армијата, предложени од СДСМ, кои овозможуваат Армијата да биде наша гордост, ценета, почитувана и рамноправна како армија на 30-та земја членка на НАТО.

Измените предвидуваат подобра амрија, подобри услови за работа во армијата и градење кадри по стандардите на НАТО.

Законот обезбедува месечен додаток за вработените во армијата решавање на станбеното прашање во висина од 7.000 денари, стипендирање на дефицитарни кадри, можност за воено-медицинскиот персонал да работи во државното цивилно здравство, повисоки плати за сите цивилни лица во Армијата.

Измените даваат можност за порано заминување во пензија со износ од 80% од десетте најдобри години, како и повисоки отпремнини при пензионирање.

Овој закон го регулира и прашањето на војниците кои полнат 45 години, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту дека ќе бидат префрлени во некоја институција без прашање.

Ова е историски успех на политиките на СДСМ, ова е историски успех за државата и за сите граѓани.

Продолжуваме на прав пат заедно со граѓаните.

Последни вести