fbpx

Наместо бесплатен јавен превоз, директорот на ЈСП поднесе оставка, и директорите почнаа да бегаат од Арсовска и нејзината неспособност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо да воведе нови автобуси и бесплатен автобуски превоз, директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје си поднесе оставка.

Оставката на директорот на ЈСП Скопје е втора оставка на директор на некое јавно претпријатие под ингеренции на Град Скопје во рок од само шест месеци.

Очигледно дека и директорите на јавните претпријатија почнаа да бегаат од Данела Арсовска и нејзината неспособност.

Толку од менаџерските способности на Арсовска.

Прекинати проекти и партизација на градот е се што Арсовска „сработи“ во овие први шест месеци од нејзиниот мандат.

Шест месеци беа доволни Арсовска да се докаже како најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје, таа и останатите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните.

Последни вести