Соопштение за јавност
СДСМ вистински се залага за градење на праведно општество и обезбедување на еднакви можности за сите граѓани.
Со најновите измени и дополнувања на Законот за стечајни работници, бројот на стечајци кои ќе земаат месечен надоместок од околу 8.000 денари до пензионирање се зголемува за уште 1000 лица. Со тоа вкупниот број на стечајни работници кои се материјално обезбедени изнесува 12.000 лица.
Наспроти негрижата на претходната власт која за 11 години владеење успеа да реши само 4.000 стечајни работници, СДСМ за само 2.5 години материјално обезбеди 12.000 стечајци.
Наспроти долгогодишните лажни и предизборни ветувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ, како и селективноста во решавањето на нивниот статус, СДСМ со неселективен пристап и еднакви права за сите, успеа за само 2.5 години материјално да обезбеди 12.000 лица.
Денес, благодарение на политиките на СДСМ стечајните работници не се повеќе маргинилизирана група на граѓани, туку активни учесници во општеството.
Новите 1.000 стечајци опфатени со најновите измени на Законот за стечајци, веќе од петок ќе можат да поднесуваат барања во Центрите за вработување со цел остварување на правото на користење на месечен надомест.
За СДСМ сите граѓани се важни. И затоа, на престојните избори на 12 април граѓаните ќе ги поддржат победничките политики на СДСМ, кои обезбедуваат еднакви можности за сите граѓани.