fbpx

Нови 1.000 стечајци ќе добиваат месечен надоместок од околу 8.000 денари, за само 2.5 години СДСМ го реши статусот на вкупно 12.000 лица

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Политиките на СДСМ кои се насочени кон градење на праведно општество и еднакви можности за сите граѓани даваат реални резултати.

СДСМ ја исправи долгогодишната неправда кон лицата кои останаа без приходи и го реши статусот на стечајните работници.

Благодарение токму на политиките на СДСМ тие денес не се повеќе маргинилизирана група на граѓани, туку активни учесници во општеството.

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за стечајни работници, со што бројот на стечајци кои ќе земаат месечен надоместок од околу 8.000 денари до пензионирање се зголемува за уште 1000 лица.

Со тоа вкупниот број на стечајни работници кои се материјално обезбедени изнесува 12.000 лица.

Стечајните работници кои се опфатени со најновите измени на Законот за стечајци, од петок ќе можат да поднесуваат барања во Центрите за вработување со цел остварување на правото на користење на месечен надомест.

Наспроти негрижата на претходната власт која за 11 години владеење успеа да реши само 4.000 стечајни работници, СДСМ за 2.5 години материјално обезбеди 12.000 стечајци.

Ова е уште една потврда дека за СДСМ сите граѓани се важни.

Затоа, на престојните избори на 12 април ќе победат политиките на СДСМ кои значат вистинска грижа кон сите граѓани.

Последни вести