fbpx

Средба на претседателот Заев со еврокомесарот Вархеји: Верувам дека новата методологија за проширување ќе има фер пристап

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев, заедно со генералниот секретар Љупчо Николовски, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ и Калинка Габер од Комисијата за европски прашања на СДСМ, денеска се сретнаа со делегација на Европската комисија предводена од еврокомесорот за европска, соседска и преговори за проширување Оливер Вархеји.

На средбата претседателот Заев истакна дека Европската комисија отсекогаш била искран и силен сојузник на Република Северна Македонија во прецот на евроинтеграциите и изрази уверување дека тоа ќе продолжи и со новиот состав на Комисијата. 

– Правиме се што е во наша моќ да ги реализираме сите потребни реформи. Активно се спроведува Договоротѕ од Преспа како и Договорот за добрососедство со Бугарија. Во измените на Изборниот законик се вградени и сите препораки од ОДИХР. Нашата цел е да испратиме порака дека имаме демократски капацитет и тој го ставаме во функција на граѓаните, истакна претседателот Заев. 

Претседателот Заев се осврна и на новата методологија за проширување на ЕУ, изразувајќи надеж дека таа ќе биде фер и ќе се заснова на систем на заслуги.

– Секој ден, секоја недела, секој месец е важен за реализација на реформите кои се важни за нас и за ЕУ. Ја очекуваме новата методологија и веруваме дека таа ќе има фер пристап и ќе се вреднува единствено по мерит системот. Наш главен мотив и натаму е ЕУ и таа нема алтернатива, се што зависи од нас ќе биде сторено како што беше и досега. Отпочнување на преговори со Северна Македонија ќе значи и позитивен сигнал за целиот наш регион, посочи претседателот Заев. 

Од страна на еврокомесарот Вархеји беше истакнато дека новата методологија за проширување се подготвува и дека наскоро ќе биде претставена пред земјите членки на Унијата. Вархеји посочи дека е важно државата да продолжи на европскиот курс, да продолжи со реформите, а особено значајно е носењето на новиот Закон за Јавно обвинителство со што Северна Македонија уште еднаш ќе покаже дека е посветена на реформите важни за напредокот кон ЕУ.

 

Последни вести