fbpx

Каевски: Неодговорниот Мицкоски блокира во време на криза, за да ја прикрие неспособноста на неговите градоначалници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во време на глобална економска и енергетска криза, кога секаде во светот сите се обединуваат за побрзо да се надминат последиците, да се блокира Собранието е најнеодговорниот чин, посочи пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во интервју за емисијата „Утрински брифинг“ во однос на блокадите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Каевски истакна дека блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не се ништо ново, дека тие траат скоро две години, но сега само се официјализирани од страна на Христијан Мицкоски.

„Преку 60 закони се закочени во Собранието преку комисиите каде пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и досега ја правеа истата блокада со долги процедурални дискусии. И претходно се случуваше да излезат на говорницата и да зборуваат за сѐ и сешто. Ново е само тоа што сега нивниот лидер Христијан Мицкоски го официјализираше тоа. Законот за наставници и стручни соработници е блокиран повеќе од една година со кои ќе им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време на околу 4.700 наставници и стручни соработници. Блокирани беа и закони кои се однесуваат на работата на општините, но интересно е тоа кога опозицијата освои поголем дел од општините овие закони магично се деблокираа.“ порача Каевски.

Според него, една од причините за блокадите и ваквото деструктивно однесување е и обидот на Мицкоски на овој начин да ја прикрие неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ваквото однесување е во насока да се оттргне фокусот од реалната неспособност на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Свесни се дека Поминаа шест месеци, а дека немаат реализирано ниту еден проект, шест месеци во кои ветуваа многу а не остварија ништо и сакајќи да го оттргнат вниманието од нивните градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски најавуваат дополнителни блокади.“ посочи Каевски додавајќи дека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе ги искористи сите можности во Собранието, за да ги надмине блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.

Последни вести