Соопштение за јавност
Емил Јакимовски Гусарот, истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ јавно и директно упатува закани кон новинари и политички неистомисленици, а Христијан Мицкоски и неговата партија молчат.
Ниту министерот за внатрешни работи во преодната влада Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ не постапува и не ги заштитува лицата кои трпат закани од Јакимовски.
Чулев единствено се занимава со коли за неговиот кабинет и ја загрозува безбедноста.
Тоа е доказ дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат само за враќање и обнова на криминален, насилнички режим кој се заканува и заплашува.
Ништо не е сменето, тоа е истата, нереформирана, режимска ВМРО ДПМНЕ.
СДСМ ги осудува заканите на членовите на ВМРО ДПМНЕ.
Режимската ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски убедливо ќе бидат поразени од граѓаните на 12 април.
Режим никогаш повеќе.