Соопштение за јавност
Тоа што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го презентира како блокада на Собранието е нешто што се случува, повеќе од година дена, само сега разликата е што претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски тоа го официјализираше, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски, во интервју за „Студио 10“ на телевизија 24.
Тој додаде дека 70-тина закони се блокирани, голем број закони се заглавени во комисиите, со голем број процедурални излагања, при што од опозицијата зборуваат се и сешто само не за законското решение и не дозволуваат да се влезе во материјална расправа за законите.
На вчерашната седница кога буквално секој пратеник на опозицијата бараше преместување на точките од дневниот ред, се со цел да го одземат времето и да го пролонгираат донесувањето на дневниот ред е исто такво сценарио , како пред еден месец кога на истиот начин се обидоа одредени точки да ги бојкотираат, опструираат, блокираат, но и тогаш и вчера се донесе дневниот ред и ќе почне расправата по законите од дневниот ред, нагласи Каевски.
Тој истакна дека со ова во собранието е изгубен еден ден, но дневниот ред е донесен.
На таков начин ќе функционираме и во иднина, за законско решение за кое нормално време е да речеме 2-3 дена, ќе дебатираме 10 дена, ќе работиме многу повеќе, со цел да ги донесеме законските решенија важни за граѓаните за полесно да ги надминат последиците од кризите, истакна Каевски додавајќи дека ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ е само обид за дефокус на јавноста од локалната самоуправа водена од ВМРО-ДПМНЕ, кои немаат ниту еден проект, кои ветуваа многу, а не испорачаа ништо.
Тој нагласи дека ова е неодговорно однесување во услови, кога државата се соочува со енергетск и економска криза, а граѓаните имаат сериозни последици, во време кога Собранието треба да носи реформски закони кои ќе им помогнат на граѓаните во криза.
Верувам дека час поскоро ќе надвладее разумот, кај одредени пратеници од опозицијата, често по ходниците ги слушаме како велат дека ова не е добро, но имаат партиска наредба и задачи и мораат да ги почитуваат, но верувам дека ќе одважат ќе бидат конструктивни, тука да сме седнеме да дебатираме да ги соочиме аргументите и да донесеме добро законско решение за граѓаните, рече Каевски.
Мора да надвладее разумот, како позиција и опозиција мора да делуваме заедно, , за сензитивни прашања за државата, за националниот интерес и за важни прашања за граѓаните нема место за ситни политички поени и политиканство, туку за заедничко делување и решавање на проблемите, но ако спротивната страна да остане на браникот на блокадите и опструкциите, ќе работиме многу повеќе и ќе успееме да го донесеме и реализираме она што е важно за граѓаните, нагласи пратеникот на СДСМ Дарко Каевски, во интервју за „Студио 10“ на телевизија 24.