fbpx

Има пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои не се согласуваат со Мицкоски, да се одважат и да ги прекинат блокадите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата

Одговор: Предвремени парламентарни избори нема да има, парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година. Јас уште еднаш ги повикувам сите пратеници од опозицијата којшто не се согласуваат со политиките на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се одважат и да ја прекинат оваа работа што ја прават во Собранието овие два дена затоа што на крајот сето тоа што го прават е на штета на граѓаните , на штета на државата и на интересот на граѓаните.
Јас не можам да зборам за епилог само можам да кажам и кажав дека ќе направиме се што е во наша можност, се што предвидува деловникот Собранието да не биде блокирано.

Последни вести