Соопштение за јавност
Пропаднаа обидите за блокада на Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски.
И покрај тоа што се потрошија два дена на нивните бесмислени предлози, дневниот ред се усвои и Собранието продолжува со работата.
Без нималку чувство на одговорност, во време на најголема светска економска и енергетска криза, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заради лични и партиски интереси на Мицкоски го блокираат Собранието наместо да работат за граѓаните кои им дале доверба.
СДСМ, заедно со парламентарното мнозинство работи за граѓаните, ќе ги надминеме сите блокади и опструкции од ВМРО-ДПМНЕ и сите законски решенија од интерес на граѓаните ќе бидат донесени.
СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ да нанесат штета врз граѓаните и државата.
Собранието мора да биде функционално во време на светска економска криза, брзо и ефикасно да носи решенија кои значат помош и поддршка за граѓаните и домашната економија.