fbpx

Нарачаните анкети на ВМРО ДПМНЕ се манипулација за личен спас на Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

П: Како ја коментирате последната анкета на ИПСОС каде се наведува дека опозицијата наводно имала предност пред власта и дали ова би допринело кон зголемен притисок од опозицијата за предвремени избори?

Ова е само уште еден доказ за обидите за блокади на Христијан Мицкоски, но и за манипулации.

Целата македонска јавност имаше можност да види како се спроведуваат анкетите коишто се по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ. Но, како и да е ова е уште еден доказ за паниката кај Христијан Мицкоски и неговата нервоза поради фактот дека секојдневно неговиот рејтинг опаѓа, соочен со фактот дека и фотелјата во белиот дворец не е сигурна и соочен со фактот дека изборите кои ќе се одржат 2024 година дефинитивно тој ќе ги загуби.

Токму затоа Мицкоски нарачува вакви анкети и затоа тој брза, дури и по цена на штета на граѓаните.

Последни вести