Соопштение за јавност
За само шест месеци се покажа целосната неспособност на Данела Арсовска како градоначалник на Град Скопје.
Заради таквата неспособност градската администрација вчера остана без печатачи со што се отежнуваат условите за работа на вработените, а граѓаните можат да останат без потребните документи.
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ немаат капацитет да менаџираат ниту со канцелариска опрема во Град Скопје, а не пак да реализираат капитален проект за градот и граѓаните.
Првите шест месеци од мандатот Арсовска ги помина во неработење и партизација на адмиинистрацијата.
Нејзиниот пример го следат речиси сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.
Кадрите на Христијан Мицкоски се докажано најслаби градоначалници досега. За шест месеци не реализираа ниту еден проект за граѓаните туку работат исклучиво за лични и партиски интереси.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се пример дека во оваа партија предводена од Мицкоски нема никаква промена.