Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски и денеска во Аеродром промовираше проекти на СДСМ. Тоа не е претпоставка како што вели Мицкоски туку факт.
Проектот и средствата за градежните зафати за доградба и реконструкција во училиштето „Блаже Конески“ во Аеродром се на поранешниот градоначалник од СДСМ, обезбедени и започнати со реализација.
Мицкоски промовира проекти на СДСМ затоа што градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ во првите шест месеци од мандатот не сработија ништо за граѓаните. Немаат ниту еден свој релизиран проект, ниту едно исполнето ветување.
Така е денеска во општина Аеродром, така е и во општините Бутел, Ѓорче Петров, Прилеп, Охрид каде што се појави Мицкоски.
Да не беа наследените проекти од СДСМ, Мицкоски денеска во Аеродром ќе требаше да направи увид на хотелот за пчели или на скапите компјутери купени во време на најголема светска економска криза, како единствено нешто направено на Тимчо Муцунски во првите шест месеци од мандатот.
Арсовска е посебна приказна, таа не може принтери да обезбеди а не проекти.