fbpx

Костадиновска-Стојчевска: Преку конкретни чекори покажуваме што значи вистинска грижа за македонскиот јазик

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Кога говориме за Кирил и Методиј треба да се потсетиме дека цивилизациските вредности подразбираат и почитување на секој народ, на неговиот јазик, на неговата определба и затоа денес сме горди што македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се меѓународни потврдени и признаени од целиот свет, порача вечерва потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска на трибина по повод 24 Мај – Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, во организација на ОО СДСМ Тетово.

Костадиновска Стојчевска истакна дека Владата предводена од СДСМ во изминативе пет години преку низа конкретни чекори покажала вистинска грижа за заштита и унапредување на македонскиот јазик.

„Токму Владата предводена од СДСМ, 5 мај го прогласи за Ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо. Токму на 5 мај беше промовиран и дигитален толковен речник на македонски јазик со над сто илјади зборови. Донесовме и нов Закон за употреба на македонскиот јазик, кој опфаќа негова заштита, унапредување и збогатување. Владата, исто така усвои мерки кои предвидуваат афирмирање на македонскиот јазик на странските универзитети, како и Фонд за поддршка за изработка на научни дела посветени на македонскиот јазик, со цел за негово уште поголемо унапредување. На крајот, важно е да се додаде дека и токму оваа Влада за прв пат воведе стипендии за студентите кои ќе се запишат на Катедрата по македонистика.“ посочи Костадиновска Стојчевска.

Таа посочи дека за негување и унапредување на македонскиот јазик важно е и постојано да се унапредува образовниот систем и тоа уште од основното образование.

„Владата предводена од СДСМ во изминатите пет години сериозно вложува во образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес. Со постигнатиот договор меѓу Владата и Синдикатот, низ социјален дијалог, за пет години платите во образованието вкупно ќе пораснат за 36 отсто во споредба со 2017 година. Освен во платите, инвестираме и во инфраструктурата во образованието, за помалку од пет години, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта а сериозно се зголемени и ученичките стипендии.“ заклучи Костадиновска Стојчевска.

 

Последни вести