fbpx

ДКСК да го расчисти незаконското назначување на Велковски за секретар на Град Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска со назначување на Ѓоко Велковски за секретар на Град Скопје го прекршија законот, поточно член.44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Имено Велковски е избран советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Чаир, и не може истовремено да биде секретар на Град Скопје.

Неговата плата во Град Скопје е околу 50.000 денари, и заедно со надоместот како советник Велковски од парите на граѓаните месечно добива околу 68.000 денари.

Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по ова очигледно прекршување на законите, случајот да биде расчистен а одговорните да бидат соодветно санкционирани согласно законите.

Велковски мора или да биде разрешен од функцијата Секретар на Град Скопје или да го врати советничкиот мандат, а Арсовска да одговара за ваквото незаконско постапување.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува по старо со прекршување на законите и партизација на институциите, работи на штета на граѓаните.

Последни вести