Соопштение за јавност
Во чест на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј , основоположници на словенската писменост и култура, делегација на СДСМ положи свеќо цвеќе пред споменикот на првите патрони на првиот државен универзитет во Скопје, пред платото на УКИМ.
Со полагањето цвеќе, делегацијата составена од портпаролот на СДСМ и пратеник, Дарко Каевски, пратеничката на СДСМ, Даниела Николова и членката на Извршиот одбор, Мелиса Ценовска – Серафимовска, оддаде почит и благодарност за просветителска мисија на браќата Кирил и Методиј меѓу словенските народи и нивниот исклучителнио цивилизациски придонес за Република Северна Македонија, Европа и светот.
Нивната мисија води кон создавањето глаголицата, првата азбука, од која подоцна се создава кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.